АктуелноКарате

Бошко Заборски: Универзитетската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија

 Македонските карате студенти со години бележат значајни успеси на европската и светската универзитетска сцена, односно освоени се 64 медали – 16 златни, 21 сребрен и 27 бронзени на европските и светските универзитетски првенства во независна Македонија. Последните успеси дојдоа минатата недела на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во Врашава, Полска, кога Ангела Мојсовска освои златен медал, Љупче Михајлов сребрен и Викторија Јовановска бронзен.

Ова е добро за македонскиот универзитетски спорт, но и за клубовите.

За да ја запознаеме спортската јавност за континуитетот на репрезентацијата и остварување на импозантни спортски резултати разговаравме со селекторот д-р сц Бошко Заборски, кој стави печат на успесите со селектирањето, подготовките и водењето на тимот. Заборски успешно ја предводи оваа репрезентација во периодот од 2004-2025 година и е најтрофејниот Македонски тренер на сите времиња.

Да ја запознаеме јавноста со досегашните постигнувања на македонската универзитетска карате репрезентација.

Нема да биде нескромно ако на почетокот изјавам дека македонската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија. Каратето има долгогодишна успешност и традиција и по број на освоени медали од сите меѓународни натпреварувања, особено од европски и светски првенства. Каратето по број на освоени медали е рангирано како спорт број еден во Македонија. Затоа што каратето е најмасовен и традиционално студентски спорт, и дека има најголема традиција на успешност,секако дека корисен е податокот за бројот на вкупно освоените медали од учествата на универзитетските натпревари кои се одржуваат секоја година. За временскиот период од 2004-2025 година на универзитетските првенства македонските карате репрезентативци освоиле вкупно 64 (шеесет и четири медали). Или, поточно, освоени се 16 златни, 21 сребрена и 27 бронзени медали.

Каков е односот на Министерството за спорт на Македонија кон овие млади луѓе кои во континуитет постигнуваат врвни резултати?

-Досега во македонската карате историја од светски универзитетски првенства, кои се во организација на Светската студентска универзитетска федерација FISU и WKF (Светската карате федерација[i]), македонските каратисти освоиле вкупно16 (шеснаесет) медали. Овие светски универзитетски медали имаат многу висока вредност и се ставаат во групата на најголеми врвни спортски успеси. По законот за спорт на Македонија, освоен медал од овие првенства се наградува од страна на државата, односно спортистот кој освоил медал се стекнува со титула „Спортист од светска категорија на РС Македонија”.

Златен медал екипно Лоѓ, Полска

Универзитетските постигнувања придонесоа да имаме 14 (четиринаесет), каратисти кои добија титула за врвни спортски постигнувања од „светска категорија на Р Македонија“. Тоа за нас има големо значење, бидејќи репрезентацијата е иста, тие спортисти кои освојуваат медали и на официјалните европски и светски натпревари, освојуваат медали и на универзитетските првенства. На тој начин подолго ги задржуваме овие млади и успешни луѓе во спортот. Имаат поголем мотив да бидат активни спортисти и најголеми амбасадори кои ја претставуваат Македонија на сите натпревари.

Европска универзијада Лоѓ, Полска 2022

Искрено, се надевам дека Министерството за спорт, покрај Светското универзитетско првенство, во рангираните критериумиза натпревари кои се вреднуваат за врвни резултати ќе ги додаде во своите „Правилници“ и постигнувањата од европските универзијади, бидејќи тоа се елитни првенства, многу масовни и квалитетни и не заостануваат со ништо од официјалните европски и светски натпревари.

Во текот на својата спортска кариера македонските каратисти го имаат предизвикот на двојната кариера, Тоа што го прави успехот уште поголем е фактот што овие млади луѓе не се само студенти, туку и врвни, елитни спортисти, членови на сениорската карате репрезентација. Нивната способност истовремено да ги исполнуваат напорните обврски на факултетот и да одржуваат тренинзи на највисоко ниво е доказ за нивната неверојатна дисциплина и посветеност. Тие се пример за младите.

Успехот на македонските каратисти на европските и светските универзијади е многу повеќе од спортска вест; тој е инспиративна приказна за младите во Македонија. Тој е доказ дека со напорна работа, жртва и посветеност, може да се постигнат врвни резултати и на академско и на спортско поле. Овие млади луѓе се вистински амбасадори на својата земја и пример кој треба да се следи.

Европско Кордоба, Шпанија

Успехот е и продолжение на долгата и успешна традиција што Македонија ја има во карате спортот, и доказ дека и во иднина можеме да очекуваме нови шампиони. Во време кога често доминираат негативни вести, успесите на овие студенти спортисти се зрак на надеж и причина за национална гордост.

 

Светски универзитетски вицешампиони, Бар, Црна Гора
Светско универзитетско Бар, Црна Гора
Show More

Related Articles

Back to top button
IPON