АктуелноКарате

Ангела Мојсовска освои златен медал, а Љупче Михајлов сребрен на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови

Ангела Мојсовска освои златен медал а Љупче Михајлов сребрен на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате во Варшава, Полска.  Така македонската универзитетска карате репрезентација го завршува шампионатот со три медали – златен, сребрен и бронзен, и две петти места.

Ангела Мојсовска и селекторот Бошко Заборски

Мосјовска (Св, Кирил и Методиј, член на К.К Макпетрол) во финалето добро се избори и славеше 4-3 против Мустафа Бехије од Косово. Со ова злато Ангела најави дека на Светското првенство ќе атакува на висок пласман.

Љупче Михајлов
Љупче Михајлов и Жарко Арсовски

Љупче Михајлов (Гоце Делчев) не успеа во финалето и загуби 0-10 од Омер Фарук од Турција. Сепак, ова е голем успех за Михајлов кој од настап во настап напредува и ја радува македонската спортска јавност.

Медалите за македонската унивезитетска карате репрезентација ги освоија:

Ангела Мојсовска – златен медал

Љупче Михаилов – сребрен медал

Викторија Јовановска (Факултет за туризам) – бронзен медал

Викторија Јовановска

Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг) се високопласирани на петто место.

Ангела Мојсовска, Бошко Заборски и Викторија Јовановска

Резултати:

-68 кг
Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4
Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3
Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1
Финале
Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3

-75 кг
Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1
Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0
Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0
Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0
Финале
Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10

-61 кг
Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3
Репасаж
Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1
За бронза
Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON