ВБО започна истрага против Александар Усик поради видео на кое танцува

Раководството на Светската боксерска организација (ВБО) побара од апсолутниот шампион во тешка категорија Александар Усик да достави обновен медицински документ, откако на социјалните мрежи се појави видео од 38-годишниот Украинец како танцува..Веста ја објави Бокс сецна.
„Медицинскиот извештај мора да биде детален и сеопфатен. Мора да ја потврди моменталната медицинска состојба на г-дин Усик, прогнозата, очекуваното време на закрепнување, како и сите други медицински податоци што ВБО ги смета за соодветни. Комисијата не може да дозволи понатамошно одложување или двосмисленост без јасно објаснување. Доколку барањето не се исполни, нема да има друга опција освен да се преземат мерки во согласност со правилата и прописите на ВБО“, се вели во писмото на претседателот на Комисијата за борбата за титулата Луис Батиста Салас до претставникот на Усик.
Пред тоа, украинскиот шампион побара одложување на преговорите за борба со Џозеф Паркер, официјалниот предизвикувач на ВБО, наведувајќи проблеми со грбот.



