
Тони Фергусон има 41 година и има изгубено осум борби по ред пред да ја заврши кариерата во УФЦ.
„Ел Кукуј“ не победил од 2019 година. Сепак, одбива да ги слуша критичарите кои му велат да се пензионира. Овој викенд Фергусон го има дебито во боксот. Тој ќе се соочи со Солт Папи на Мисфитс боксинг 22. Борбата е за привремената титула во средна категорија.
Во разговор со Дејмон Мартин од ММА фајтинг Фергусон даде остро одговори на секој што сака да го турне во пензија.
„Не ме интересира што другите луѓе мислат за мене. Дали Тони Фергусон е во својот најдобар период? Не ме интересира. Интересот сега е таму. Не е важно кој е против мене. Ќе се појавам со најдобрата верзија од себе.
Повторно се чувствувам непријатно на тренинг. Последните неколку години бев премногу некомфорно. Ме правеше несреќен за време на борбите. Сега работам напорно на тренинг за повторно да бидам удобен во рингот“, рече Фергусон.
Главното име на „Мисфитс бокисинг 22“ здружува уште повеќе поранешни борци на УФЦ. Поранешниот шампион Лук Рокхолд се соочува со Дарен Тил. Дилан Денис, поранешен борец на Белатор кој стана ѕвезда на социјалните медиуми, е исто така на програмата со ММА борба против Ворен Спенсер.
Чејс ДеМур ќе се бори против Натан Маркон за титулата во тешка категорија, а Тај Мичел ќе се соочи со Шон Хемфил за титулата во супер средна категорија.
View this post on Instagram



