АктуелноМеѓународна сценаММА

Крис Сајборг сè уште сака да се бори со Аманда Нунеш и со Кајла Харисон

Крис Сајборг е име во разговорот за „најдобрата досега“ со години, заедно со Аманда Нунеш.

Бразилката има титули во УФЦ, ПФЛ, Белатор, Страјкфорс и Инвикта. Нејзиниот единствен пораз за повеќе од 13 години се случи во 2018 година, кога Нунеш ја нокаутира и ѝ го одзеде појасот во перо категорија на УФЦ Реванш никогаш не се случи, а по спојувањето на ПФЛ и Блетаор во 2023 година, борбата со двократната шампионка на ПФЛ, Кајла Харисон, исто така никогаш не се случи.

И покрај тоа што е близу крајот на нејзината кариера, Сајборг инсистира дека е подобро доцна отколку никогаш:

„Дајте ми го победникот“! напиша таа на социјалните мрежи под објава што алудираше на пресметка Харисон-Нунеш.

Засега нема официјална потврда од УФЦ за таква борба, но гласините сугерираат дека Нунеш би можела да се врати против Харисон на УФЦ 323. Сепак, во овој момент, Сајборг е надвор од равенката – таа има барем уште една борба на нејзиниот договор со ПФЛ откако во октомври ја победи шампионката Лариса Пачеко.

Сајборг си постави за цел да ја добие борачката во подем од Белатор, Саира Колинс (3-0). Датумот за нејзината следна борба сè уште е неизвесен, а самата таа ги негираше гласините дека во декември ќе се бори на ПФЛ Пацифик:

„Нема да биде во Австралија и нема да биде во декември“, беше категорична Сајборг.

ММА легендата последен пат стапна во рингот во мај, кога постигна боксерска победа над Прешус Харис-МекРеј.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON