Магомед Анкалаев: Втората борба со Алекс Переира ќе биде многу полесна од првата

Новиот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Магомед Анкалаев, моментално се подготвува за реваншот со Алекс Переира.
Двајцата ќе се судрат на претстојниот настан УФЦ 320, закажан за 4 октомври 2025 година во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, Невада. Анкалаев и обложувалниците очекуваат борбата со „Поатан“ да биде „многу полесна“ вториот пат. Потсетуваме дека во март оваа година Анкалаев го надвладеа Переира и го победи со одлука на судиите.
Така, Магомед го симна од тронот во дивизијата. Она што беше импресивно беше тоа што Переира ги спречи сите обиди на Анкалаев да го собори на поодот. Магомед, пак, издоминира над Бразилецот во стоечка положба. Сега ѕвездата од Дагестан е уверена дека втората борба ќе биде уште полесна од првата.
„Мислам дека реваншот ќе биде многу полесен од првиот меч. Ќе направам сè за да доминирам. Не мислам дека ќе немам никакви проблеми. Сакам тој да пристапи кон овој меч 100% подготвен за да нема изговори како во последниот натпревар дека не бил подготвен“, изјави Анкалаев за „Ушатајка“.
View this post on Instagram



