АктуелноММА

Балканскиот шампион Коста Георгиевски против Раде Новаковиќ на ММА настанот „Армада 14“ во Скопје

Армада носи уште една жестока борба во шестоаголникот во Скопje на 14 септември во салата „Јане Сандански“!

Еден од борците кои ќе бидат во центарот на вниманието е домашниот борец Коста Георгиевски.

За оние кои не се запознаени, Коста е носител на црн појас и сениорски балкански шампион во олимписко таеквондо, поранешен член на најтрофејниот клуб за боречки вештини во Македонија, ТК Бутел.

Покрај неговата импресивна кариера во таеквондо, Коста е и носител на кафеав појас во џудо, а сега ги прави првите професионални чекори во ММА со тимот ММА Бутел.

Ова ќе биде неговиот деби настап и можност да го покаже целиот свој арсенал на вештини пред домашната публика!

Од друга страна, во Скопје пристигнува искусниот Раде Новаковиќ (2-4) од Крагуевац, Србија, кој веќе се бореше во организацијата Армада и во претходниот меч покажа голема храброст и се бореше до крај.

Иако не славеше, неговиот настап беше доволно импресивен за организацијата да му даде „корективен“ меч.

Раде е познат по својата цврстина, упорност и борбен дух, и е подготвен да ја замолчи публиката и да го шокира домаќинот!

Нè очекува вистинска борба — комбинација од младост и искуство, модерна ММА и борбеност.

Публиката може да биде сигурна дека нè очекува вистински спектакл!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armmada (@armmadamma)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON