Популарниот американски боксер Рајан Гарсија категорично изјави дека неговиот сон да стане светски шампион останува жив. 26-годишниот нокаутер рече дека е подготвен да се соочи со Џарон „Бутс“ Енис – обединетиот шампион во полусредна категорија, носител на титулите ИБФ, ВБА и Ринг.
„Сто проценти“, рече Гарсија за време на отворен тренинг. „Тоа е уште една голема борба, уште еден мега настан. Ми се допаѓа тоа. Не бегам од борби. Сакам да ја имам оваа борба“.
Следниот предизвик на Гарсија е борбата со Роландо Ромеро на 2 мај во полусредна категорија. Победата во Њујорк би ја отворила вратата за долгоочекуваниот реванш со Девин Хејни доколку и двајцата излезат како победници од нивните средби.
„На оваа борба и приоѓам полн со енергија и мотивација затоа што повеќе немам стрес од губење на тежината“, изјави Гарсија. „Знаете како напаѓа Роландо – се отвора и бара нокаут. Само треба да го забавам и да ја искористам шансата кога ќе дојде“.