Боксерската федерација го предлага Ален Рустемовски за најдобар спортист на Битола за 2024 година

Боксерска федерација на Македонија на Општинскиот сојуз на Битола му го предложи Ален Рустемовски за спортист на годината во Битола за 2024 година.

Од БФМ истакнуваат дека Ален Рустемовски имаше повеќе од успешна 2024 година и гордо го вееше знамето на Македонија. Рустемовски освои златен медал на Балканското првенство за сениори во Лозница, Србија, стана државаен првак, а Федерацијата го прогласи за најуспешен сениор во 2024 година.

Од друга страна, без пораз ја заврши сезоната во Првата бокс лига на Македонија, како и Опен Балкан купот, каде што настапуваат боксери од Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Ален учестуваше и на Европско првенство за сениори во Софија, Бугарија. Потоа освои злато Меѓународниот боксерски турнир Гранд при Загреб, а со сребро се заќити на еден од најсилните турнири во Европа „Белградски победник“ во Белград, на кој учествуваа повеќе од 20 држави.

Освои златен медал и на Меѓународниот турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово, при што беше прогласен за најдобар боксер на турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО