Мајк Тајсон и Џејк Пол лудо се забавуваа кај Доналд Трамп (ВИДЕО)

Пред некое време Мајк Тајсон и Џејк Пол имаа боксерски меч кој привлече десетици милиони гледачи, а два месеци подоцна двајцата повторно се сретнаа.

Тие присуствуваа на инаугуративниот бал за Доналд Трамп, кој вчера стана 47-ми претседател на САД и таму приредија шоу. Пол во еден момент реши да го стави  Мајк на рамениците и да го подигне, што очигледно за момент ја исплаши боксерската легенда.

Во објава на социјалните мрежи, Пол покрај фотографиите со Тајсон напиша „Најдобри пријатели“, а потсетуваме дека пред тепачката имаа жесток конфликт, а при една пресметка Стил Мајк дури и му удри шлаканица на својот помлад ривал.

Браќата Џејк и Логан пол се дружеа и со Конор Мек Грегор со кого преговараат за боксерски меч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО