Познато е колку ќе заработат Усик и Фјури во реваншот

Александар Усик на 21 декември во Ријад против Тајсон Фјури ќе ги брани светските титули на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија.

Тоа ќе биде нивна втора средба годинава откако во средината на мај Украинецот победи со поделена одлука во мечот за апсолутниот шампион.

Непоразениот Усик во меѓувреме го ослободи појасот на ИБФ, кој моментално го држи Даниел Дубоа, за да организира реванш против Кралот на Ромите.

И без разлика што оваа борба не е за сите четири појаси, околу тој меч се вртат огромни пари, што го потврдува и пишувањето на британски Индипендент, кој наведува дека боксерите ќе ја поделат сумата од 182 милиони евра.

А тоа е за речиси 40 милиони евра повеќе заработка од онаа што ја земаа во првиот судир пред седум месеци. Тогаш Фјури доби нешто повеќе од 95 милиони евра, а остатокот отиде кај Усик.

Сега односот во однос на распределбата на давачките ќе биде малку поинаков. Украинецот ќе добие поголем дел од вкупниот хонорар, но се уште не се знае во колкав процент. Во секој случај, сега нешто се прашува и Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО