Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) изминатиов викенд (13-15 декември) настапи на најсилниот Меѓународен ИТФ турнир А класа „10 Кинг оф таеквон-до” во Солун, Грција, и освои 6 медали – 1 златен и 5 бронзени.
Освојувачи на медали се:
Миа Танеска – златен, форми 6-4 куп, девојчиња и бронза во борби + 55 кг, 12-13 години и пехар за најдобра кадетка;
Теодора Митреска – бронза, борби (– 58 кг, У-18) и бронза во форми 4-1 куп;
Божидар Димитриевиќ – бронза, борби; (-92 кг, сениори 18-34 г.)
Марио Крстески – бронза, борби (-58 кг, сениори 18-34 г.).
„Миа Танеска, која е една од нашите помлади натпреварувачки, само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години. Иако најмлада во категоријата, докажа дека вреди во неа да се вложува. Таа се искачи највисоко на пиедесталот со пет победи осовјувајќи го златениот медал во форми, и со две победи над домашни претставнички, се освои бронзен медал во борби. Со осовјувајнето на двата медали во две дисциплини го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години. И Теодора Митреска која се натперварува во категоријата У-18 години, освои два медали (бронзи) и во форми и во борби. Во сениорска конкуренција со медали не израдуваа Боќидар Димитриевиќ и Марио Крстески осовјувајќи бронзени медали. На Хриситјана Парулеска поради повреда на коленото, од страна на докторската екипа, не и беше дозоволено да се бори. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ кои имаа домаинантни борби над домашните претставници, но, за жал, судиите безобразно им ги одзедоа победите, а тоа резултираше со негодување и протести од сите репрезентации. За жал, многу натпреварувачи, од сите репрезентации, беа оштетени од страна на домашните судии“, вели претседателот МТТФ Марјанчо Лазаревски.