Златни медали за Ардијан и Ален Рустемовски на Златна ракавица, Ален и Тонијев се прогласени за најборбен пар

Ардијан и Ален Рустемовски се закитија со златни медали Меѓународен турнир „Златна ракавица” во Ниш, Србија, со медалот на Наум Стојаноски, вккупно три злата за Макеоднија.

Ебуталип Агушев и Ружди Рустемовски освоија сребрени медал откјкако вчера загубија во финалните борби.

Најборенa двојка во финалето беше мечот за сениори во лесна категорија (до 60 килограми), каде нашиот Ален Рустемов го победи Дима Тонијев од Бугарија. Наум Стојаноски е прогласен за најдобар техничар кај младинците.

Трофеиите Златна ракавица им припаднаа на Назиф Сејди и Снежана Шиљковиќ од Србија, додека најдобар странски боксер е Русинот Давид Суров, а Игор Рогиќ е најтехничар.

На турнирот во Ниш учествуваа 111 боксери и боксери од 16 земји, во три возрасни конкуренции – сениори (19 до 40 години), млади (17-18) и јуниори (15-16).

За медали се натпреваруваа претставниците на Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Русија, Молдавија, Австрија, Албанија, Ерменија, Хрватска, Грција, Израел, Малта, Романија, Куба и Србија.

Резултати Златна ракавица:

Младинци

54 кг
Ебуталип Агушев – Северџан Гаши (Србија) 2-1 ½ финале
Финале
Ебуталип Агушев – Никола Максимовиќ (Србија) 0-5

60 кг
Финале
Ардијан Рустемовски – Петар Шчепановиќ (Србија) 5-0 ТКО Р2

Сениори

60 кг
Финале
Ален Рустемовски – Димо Тонијев (Бугарија) 5-0 ТКО Р3

63,5 кг
Ружди Рустемовски – Стефан Филиповиќ (Србија) 3-0 ½ финале
Финале
Ружди Рустемовски – Назиф Сејди (Србија) 1-4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО