Александар Ракиќ му порача на Анкалаев: Ќе му ја расипам забавата во сабота. Време е да ги потсетам навивачите и УФЦ кој е „Ракета“!

Голема можност оваа сабота е пред српскиот борец Александар Ракиќ. Ракиќ ќе се соочи со Магомед Анкалаев на УФЦ 308, човек за кој се шпекулира дека шампионот Алекс Переира го одбегнува поради тоа што е стилски многу незгоден противник за него, па јасно е што ќе добие Ракиќ со победата.

Доколку го победи Анкалаев, Ракиќ речиси сигурно ќе ја нападне актуелната најголема ѕвезда на УФЦ, Алекс Переира и неговиот шампионски појас во полутешка категорија. Токму ова е причината зошто Ракиќ многу се израдувал кога му го понудиле Анкалаев:

„Она што многу ме радува е фактот што УФЦ ми го даде Анкалаев и искрено верувам дека ако не се борев добро на УФЦ 300 – без разлика на резултатот – никогаш немаше да ја добијам оваа борба. Кога ми понудија борба против Анкалаев, веднаш реков „да“ бидејќи тој е тип кој моментално е втор зад Јиржи Прохаска, кој двапати загуби од Переира. Тоа е најдобриот меч за мене. Стилски, за мене е подобар меч од Прохаска”, изјави Ракиќ за ММА џанки, а потоа им порача на навивачите:

„Време е да ги потсетиме навивачите, сите луѓе и УФЦ кој е „Ракета“. Подготвен сум да им ја расипам забавата во сабота навечер и да ги разнишам работите“.

Се надеваме дека Ракиќ ќе има успешен настап против Анкалаев, а што му носи победата и самиот е свесен. Анкалаев дефинитивно не е некој што може лесно да се победи, но веруваме дека Ракиќ ги има квалитетите што му се потребни за навистина да му ја расипе забавата на Анкалаев и да му ја одземе шансата да ја нападне титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО