Жилеј Жанг се насочи кон реваншот против Џозеф Паркер

Кинескиот тешкаш Жилеј Жанг годинава има победа и пораз. Во март загуби со мнозинска одлука против Џозеф Паркер, а на почетокот на јуни со прекин во петтата рунда го победи поранешниот шампион на ВБЦ Дионтеј Вајлдер.

Сребрениот медалист на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година сè уште има високи амбиции. Не ја крие желбата да атакува на светската титула, но познато му е дека тоа нема да се случи наскоро, па мислите ги насочи кон реваншот против Паркер.

„Шампионските појаси имаат свои сопственици, па за мене најдобро е да договорам реванш против Џозеф Паркер“, изјави Жилеј Жанг и ги пофали вештините на Новозеландецот:

„Тој е голем борец и го почитувам за се што постигна во кариерата. Брз, флексибилен, издржлив… Научив лекција од нашиот меч. Можеби тогаш влегов во рингот со преголема самодоверба. Ќе ги поправам грешките до реваншот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО