Бетербиев и Бивол на последното соочување! Најдобриот боксерски меч на денешницата е пред нас! (ВИДЕО)

Викендов љубителите на боксот од целиот свет будно ќе го следат овој, според многумина, најдобриот боксерски меч што може да се одржи во моментов.

Непоразениот руско-канадски шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ, Артур Бетербиев (20-0, 20 КО) со стопроцентен нокаут учинок ќе се соочи со Киргистанскиот и исто така непоразен ВБА шампион Дмитри Бивол (23-0, 12 КО). Овој меч меѓу двајцата непоразени е за титулата во полутешка категорија, а ќе се одржи оваа сабота (12.10.2024) во Кингдом арената во Ријад, Саудиска Арабија. Победникот од оваа борба ќе ги обедини сите титули во категоријата до 79,4 килограми за прв пат откако сме во ерата на четири појаси.

Бетербиев и Бивол го одработија последното соочување пред да влезат во рингот оваа сабота и оставија рацете да покажат кој е најдобриот боксер денес.

„Тоа не е борба на домашно тло во Квебек и Канада – тоа е борба на пат“, изјави познатиот британски промотер на боксот од Мечрум, Еди Херн за Квинсбери промоцијата. „Бивол веќе има искуство со две борби во Кралството. Тоа не е нешто за што многу се зборуваше. Не велам дека ќе му го одвлече вниманието, но тој патува, тој е на пат, а имаше и операција на коленото. Бивол е човек кој може да победи“.

Целата прес-конференција и последните соочувања можете да ги погледнете во видеото подолу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО