Актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија (до 93 кг), Бразилецот Алекс Переира, смета дека Магомед Анкалаев има самиот е виновен што промоцијата не му договорила борба за титулата.
„Поатан“ викендов се враќа да ја брани титулата против Халил Раунтри. Двајцата го насловуваат настанот УФЦ 307 што ќе се одржи во Јута. Сите очекуваа дека Переира ќе се бори со Анкалаев, но Дана Вајт имаше други планови. Тој на крајот на октомври во Абу Даби на УФЦ 308 му даде борба на Анкалаев со Александар Ракиќ.
Една недела подоцна беше објавена и борбата за титулата на Переира. Навивачите, борците и аналитичарите не беа задоволни што Раунтри го надмина Анкалаев и покрај тоа што не беше во првите 5 во дивизијата. Алекс тврди дека Анкалаев е виновен бидејќи е досаден и никој не сака да го гледа.
„Али Абделазиз нека разговара со Дана Вајт за Анкалаев и за борбата меѓу нас. Но, тој не сака да ја организира оваа борба. Проблемот не сум јас. Али тврди дека ситуацијата со Анкалаев е шега. Па вели дека УФЦ, Дана и мечмејкерите се шега? Дали се тие кловнови?
Тие треба да го решат овој проблем со УФЦ. Но, искрено, не сум јас крив што Анкалаев има досаден стил кој никој не сака да го гледа. Момците не се подготвени да му дадат шанса за титулата, иако и двајцата сакаме да се бориме еден со друг“, рече Переира за Шердог.
View this post on Instagram