Дарко Стошиќ повторно ќе ја нападне титулата на КСВ! Го чека Англичанецот кој во последните 13 средби не знае за пораз

Денеска добивме официјална потврда од КСВ дека српскиот тешкаш Дарко Стошиќ – Чекан (21-6) повторно ќе ја нападне титулата против непоразениот Фил Де Фрис (25-6, 1 НЦ)! Имено, англиско-српското дуо веќе се сретна во февруари 2022 година. Тогаш победи Англичанецот, а методот на победа беше забележан како технички нокаут во петтата рунда.

Во последниот меч кој се одржа на 1 јуни годинава на ФНЦ 17 во белградската Арена, „Чеканот“ со брутален „граунд енд паунд“ го неутрализираше Миран Фабјан-Сло Роки. Де Фрис во последната борба го победи Август Сакаи на настанот КСВ 95, а потоа по којзнае кој пат со маестрално борење го „водеше“ мечот од пет рунди до судиска одлука. Сигурни сме дека Дарко се подобри во последните две години и дека овојпат исходот ќе биде значително поинаков.

Местото ќе биде арената Презеро во Гливице, Полска, а настанот во Шлезиското војводство ќе се одржи на 16 ноември. Јубилејната манифестација на најголемата европска организација ќе ја предводи легендарниот Мамед Халидов (37-8-2) против еден од најголемите полски таленти Адријан Бартосински-Бартос (15-0).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО