Почна 5-от Карате-до летен камп на ЈКА Македонија и АБВ Бушидо доџо

Денес во Охрид почна 5.Карате-до летен камп во организација на Јапонската карате асоцијација – ЈКА Македонија и Академијата за боречки вештини – Бушидо доџо.

Кампот ќе трае до 26 јуни, а се одржува во хотелот Престол.

Покрај тренинзите во сала, ќе се тренира и покрај езерото, а ќе има и зен медитација.

Инструктори се сенсеи Владимир Јовановски, главен инструктор на ЈКА Македонија, сенсеи Зоран Пејов и сенсеи Ѓоко Томоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО