Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ имаа прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски приреди прием за освојувачите на сребрените медали од Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржа од 26 до 30 октомври во Коња, Турција, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, притоа им додели благодарници за постигнатите успеси.

АМС ги нагласи одличните резултати на младинската репрезентација постигнати на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У-21 што се одржа од 04до 06 ноември во Бар, Црна Гора, каде беа освоени 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

„Остварувањата на нашите каратисти, како во сениорска така и во младинска категорија ја прават нашата држава сериозен кандидат на сите меѓународни случувања во карате.

Освојувачите на сребрените медали се млади каратисти кои со својот квалитет можат успешно да се натпреваруваат и во сениорска категорија“, нагласуваат од АМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО