Стефан Савковиќ го освои „Златниот гонг“

Стефан Савковиќ од Црна Гора го освои 51. „Златен гонг“ што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најдобар македонски боксер е Алим Насуфи, најперспективен боксер е Хавиер Дијаз од Бугарија, за најдобар техничар е прогласен Џорџ Кроти, а за најборбен пар се прогласени Тадија Николовски (Србија) – Генти Морина (Шведска), додека за најдобар странски боксер признанието му припадна на Дионис Гаши од Косово, најуспешен е тренерот Каролу Балаш од Унгарија, беше прогласен и најдобар судија, Хилари Лисен од Англија, а најферплеј боксер е Ајрон Кајоши од Албанија.

Од македонските боксери победи извојуваа и освоија златни медали Дион Лена и Алим Насуфи, додека Оран Шакировски, Ален Рустемов и Илхан Озмен загубија. Илхан Озмен не се појави во рингот поради повреда што ја заработи вчера.

Резултати „Златен гонг“ финале:

51 кг Џозеф Хамза (Англија) – Мартин Вирбан (Унгарија) 2-0
54 кг Башким Бајоку (Косово) – Габур Вирбан (Унгарија) 0-2
57 кг Оран Шакировски (Македонија) Џекс Драјден (Англија) 0-2
57/1 кг Ален Рустемов (Македонија) – Дијаз Хавиер (Бугарија) 0-2
60 кг Хади Хадрус (Шведска) – Марк Балог (Унгарија) 2-0
60/1 кг Дион Лена (Македонија) – Николас Девлин (Шкотска) 2-0
63,5 кг Илхан Озмен (Македонија) – Лук Беби (Шкотска) 0-2 предадена
67 кг Мухамед Алл-Малик(Шведска) – Лоран Идризи (Косово) 0-2
71 кг Патриот Бехрами (Косово) – Стефан Савковиќ (Црна Гора) 0-2

71/1 кг Алим Насуфи (Македонија – Стефен Њунс (Шкотска) 2-0
75 кг Киван Рами (Бугарија) – Јоханес Берханес (Ертитреа) 2-0
80 кг Арјон Кајоши (Албанија) –Кристијан Николов (Бугарија) 0-2
80/1 кг Дионис Гаши (Косово) – Петар Маричиќ (Црна Гора) 0-2
86 кг Џорџ Кроти (Англија) – Петар Лијешевиќ (Црна Гора) 2-0
92 кг Тадија Николовски (Србија) – Генти Морина (Шведска) 0-2

67/1 кг Патрик Хјуит (Англија)
80/2 кг Бранко Винчиќ (Шведска)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО