Дијаз сега е слободен: Сега ќе им покажам на борците на УФЦ како да ги освојуваат другите спортови

Легендата на ММА, Нејт Дијаз, потврди дека неговата 15-годишна кариера во УФЦ е завршена откако го победи Тони Фергусон утрово.

Дијаз и Фергусон се соочија во главниот настан на УФЦ 279 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, при што борбата заврши во четвртата рунда.

Првиот човек кој го победи Конор Мек Грегор во УФЦ водеше голем дел од борбата со својот неконвенционален бокс, но беше принуден да прими неколку непријатни удари од Фергусон за време на борбата.

И покрај тоа што беше видно повреден од ударите, Дијаз продолжи да притиска напред и на крајот го принуди „Ел Кукуј“ на непромислен обид за соборување во четвртата рунда.

37-годишникот се затвори во цврста гилотина и веднаш почна да ликува пред Фергусон да се предаде и двајцата да се прегрнат.

Дијаз за време на неговото интервју со Џо Роган по борбата потврди дека ќе ја напушти најголемата ММА организација ќе ја исполни последната борба од договорот.

Миленикот на навивачите на УФЦ планира да „превземе“ друг спорт, можеби боксот, бидејќи го спомна неуспехот на Мек Грегор во рингот, кој заврши со пораз во 10. рунда со TKO од Флојд Мејведер во 2017 година.

„Сакам да излезам од УФЦ за малку и да им покажам на сите овие борци на УФЦ како да освојат друг спорт како што треба“, изјави Дијаз по неговата борба на УФЦ 279.

„Конор Мек Грегор не знаеше како да го направи тоа и никој од другите борци не знае како да го направи тоа.

Така, ќе тргнам по друг пат и ќе им покажам на сите дека сум најдобар во тоа, а потоа ќе се вратам веднаш назад за да освојам титула во УФЦ – најдобрата ебана титула на светот“.

Дијаз го искористи говорот по борбата за да му се обрати и на Хамзат Чимаев, кој требаше да биде неговиот последен противник во УФЦ пред нивната борба да биде откажана бидејќи „Борз“ беше сериозно надвор од дозволената тежина.

„Тоа е основна грешка како дебитант. А јас не сум загрижен за дебитанти“, додаде за Чимаев.

Дијаз ќе го напушти УФЦ како една од најголемите ММА ѕвезди на сите времиња и сигурно ќе добие профитабилни понуди како слободен агент во наредните денови.

Легендата на УФЦ претходно беше поврзувана со борба со Џејк Пол, кој неодамна ја најави следната борба – против Андерсон Силва на 29 октомври.

Доколку Пол го помине најтешкиот тест во кариерата, борбата со Дијаз би можела да биде реалност за крајот на 2022 година или првиот квартал од 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО