АктуелноДомашна сценаКик бокс
Бени Османоски најави со кого ќе се бори на 10 септември

Македонскиот кикбоксер кој живее во Швајцарија, Бени Османоски го објави следниот настап во рингот.
На 10 септември во Цуг, Швајцарија, Османоски ќе ги одмери силите со Максимилијан Граф од Германија во категоријата до 82 килограми.
Организаторот оваа пресметка ја наслови како суперборба.



