АктуелноБразилско џиу џицуОстанатоЏиу џицу - БЏЏ

Полицаец го застрелал во главата светскиот џиу џицу шампион Ленардо Ло

Повеќекратниот светски шампион во бразилска џиу џица, Леандро Ло Переира до Насименто, е застрелан во глава во ноќен клуб во Сао Пауло.

Тој е застрелан од полицаец кој не бил на должност, откако претходно двајцата имале вербална расправија. Леандро Ло веднаш е прогласен за мртов во болница во Сау Пауло откако лекарите не успеале.

Полицијата веднаш распиша потерница по осомничениот полицаец, Енрике Отавио Оливеира Велозо.

Според сведоци на несреќниот настан, полицаецот му пришол на 33-годишниот Ло, го зел шишето кое било на масата на која светскиот шампион и се обидел да го удри.

Ло го неутрализирал нападот и го држел полицаецот на подот. Откако се смириле страстите, тој го пуштил полицаецот Велозо кој потоа го извлекол пиштолот и го застрелал во главата несреќниот џиу џица светски шампион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leandro Lo (@leandrolojj)

Несреќниот бразилски џиу џица мајстор итно е пренесен во болница каде лекарите констатирале мозочна смрт.

Леаондро Ло има дури осум титули светски шампион во пет различни тежински категории што претставува апсолиутен рекорд во бразилска џиу џица.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON