Австралиска боксерка во провокативна танга ги остави сите без здив (ВИДЕО)

Боксерката Ебони Бриџис од Австралија повторно го привлече вниманието на себе откако на мерењето пред вечерашната борба се појави во провокативно издание.

Австралијката ги остави сите без здив откако во секси долна облека застана на вагата. Многумина не знаеја каде да гледаат, меѓу нив и боксерскиот промотор Еди Хирн.

„Еди се труди да не го фатат во гледање“, напиша боксерката на Instagram.

Во претходната борба, во организација на Хирн, 35-годишната боксерка  изгуби од Шенон Кортнеј.  Инаку, Бриџис на мерењата се појавува во секси облека, истото го направи и при мерењето со Шенон, па очигледно ужива во публицитетот и не се двоуми да се промовира на овој начин.

Русокосата бомбардерка во последните неколку месеци доста работеше на имиџот. Сега во понудата има и атрактивни фотографии.

„Конечно имам квалитетни фотографии за автограми“, вели таа.

Вечерва ќе се бори против Британката Бек Коноли во Есекс, Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО