Ибрагимов: Нуров добро се избори, ни фалеше малку среќа, ќе се подготвуваме за Париз

„Нуров се бореше добро, немам забелешки на неговата борба со Кубанецот Перез“, вели неговиот тренер Могамед Ибрагимов и додава: „Перез не е којбило борач, туку двократен светски вицешампион, ни фалеше малку среќа. Се виде колку е квалитетен борач и во полуфиналениот меч со Абдулрашид Садуалев, кој не можеше да му влезе во нозе, додека Нуров го правеше тоа“.

Носителот на бонзениот медал за Македонија на Олмписките игри во Сиднеј во 2000 година Ибрагимов вели дека сега преостанува да се работи многу повеќе, бидејќи претстојат нови предизвици, а Олмпијадата во Париз е за три години.

Да потсетиме, македонскиот борач Магомедгаџи Нуров беше елиминиран во четвртфиналето од Олимписките игри во Токио во категоријата до 97 килограми од Кубанецот Реинерис Салас Перез.

Во возбудлива борба со пресврти Кубанецот славеше со 6-4, благодарение на одлично одработената прва рунда. Перез направи добар зафат, како контра-напад на обидете на Нуров и освои четири поени. Нуров изедначи на 4-4 во втората рунда, со двапати по два поена, но Салас Перез го врати водството и го сочува до крајот.

Претходно, во осминафиналето Нуров го победи Мохамед Садуи со 5-0.

Во полуфиналето со Садулаев го совлада Перез со 4-0, па така отпадна можноста за репасаж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО