„8 Септември“ за Таки Џиков, Ристо Таков и Сашко Арсовски меѓу наградените

Таки Џиков е добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во спортот, која му беше доделена вчера на свечена седница на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на наградите.

Џиков е освојувач на петто и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977; Сениорско Европско првенство, 1979 трето место, Париз Франција; шесто место на Олимписки игри 1980, Москва; Медитерански игри Сплит 1979, прво место и огромен број на остварувања на клупски и екипен план.

„Секогаш имаме тешка задача. На најчесен, достоинствен начин се одлучивме кои ќе бидат добитниците на наградата. Сите во Одборот ги почитувавме моралните вредности, интегритетот, достоинството и можам да кажам дека со крената глава го направивме изборот“, рече Ленче Алексовска Величковска, претседателка на Одборот за доделување на награди при АМС.

Другите четири награди „8 Септември“ со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници се за Ристо Таков – тренер во борење, Сашко Арсовски – карате тренер, Владимир Радиќ – ракометен тренер и Стеван Гешовски – поранешен кошаркар и тренер.

„Членовите на Одборот за доделување на државната награда оваа година имаа и тоа како тешка задача со оглед на големиот број апликации и големите резултати на нашите спортски работници“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Наградата за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата, додека другите четирите награди се десет просечни плати исплатени во последните три месеци од тековната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО