Бронза за Аид Салихаси на Балканското првенство во Сараево, шести медал за Македонија

Аид Салихаси е третопласиран на Балканското првенство за ученици и кадети во Сараево, Босна и Херцеговина.

Салихаси бронзениот медал го освои во категоријата до 51 килограм во кадетска конкуренција и е шести за Македонија на ова првенство.  Освоени се две први, две втори и две трети места. Со златни медали се закитија Стефан Штерјов во пионерска и Бесир Алили во кадетска, како и сребро во пионерска конкуренција. Кај пионерите со сребрен медал се закити Бојана Лазарева. Трети места освоија Реџеп Поцеста и Аид Салихаси.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО