Млад борец од Хрватска почина по борбата во рингот

Голема трагедија се случи на традиционалниот кикбоксерски турнир „Посавина опен Оџак 2018“. Хрватскиот кик бокс сојуз објави дека починал нивниот член Филип Матковиќ роден 2002 година,

Марковиќ од КБК Омега од Славонски Брод, кој учествуваал на овој турнир, починал по мечот.
Момчето примило незгоден удар, меѓутоа никој не помислил дека може да дојде до една ваква трагедија.

„Ударот под градниот кош го прими за време на борбата. По тоа падна, но брзо стана и го продолжи мечот. По завршувањето тргна во ходникот и се онесвести. Лекарот веднаш одработи масажа на срцето. Го префрлија во Домот на здравје, и таму, наводно, примил адреналинска инјекција. Велат дека бил жив додека на границата го преземале лекарите од Славонски Брод”, откри за медиумите, лекарот од салата во која е одржан турнирот.

Лекарите се бореле за животот на младиот спортист, но не можеле да го спречат најлошото. Цели 65 минути, луѓето од итната медицинска помош на граничниот премин го реанимирале момчето, но за жал, помош немало.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО