7 медали заТиквеш на „Солидарност опен“, златниот Илија Грков патува на БП (ВИДЕО)

Каратистите на КК Тиквеш од Кавадрци има добар настап на Меѓународниот турнир „Солидарност опен 2017“ во Скопје освојувајќи 4 златни медали, 2 сребрени и 1 бронзен.

Медалите ги освоија: Илија Грков златен, Андреј Ѓорчев сребрен ката машки 2007 второ ниво, ката тим машки 2009 (Тео Камчев, Мартин Соколовски и Илија Вељанов) второ ниво сребрен медал, Тео Камчев златен машки 2009 второ ниво, Драгана Николова златен прво ниво 2010 и помлади, Кристина Атанасова бронзен 2007 прво ниво и Тамара Марковска златен прво ниво 2009.

Илија Грков се истакна во кати и го освои првото место за деца родени 2007 година.

Грков утре ќе патува за Истанбул, Турција, на Балканското карате првенство за каратисти од 11 до 14 години, кое се одржува од 19 до 21 мај, со надеж дека ќе ја продолжи победничката серија. Оваа година тој освои 4 златни медали на Државното првенство и на турнирите Фунакоши Гичин опен и во Власотинце, а на „Гази Баба опен“ бронзен медал.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО