60-годишниот Никита Џигурда загуби со нокаут од блогер

60-годишниот пејач, сценарист, режисер и актер Никита Џигурда загуби во последната борба. Пред неколку дена се соочи со 41-годишниот блогер Александар Шпак. Тие одржаа боксерски меч, но со ММА ракавици.

Во првата рунда двајцата влегоа во луди размени на удари, што доведе до три нокдауни. Прво падна Џигурда, а потоа Шпак. На крајот од рундата Џигурда повторно беше на подот, сепак продолжи да се бори.

Во втората рунда продолжи размената на удари и подобрите удари беа во корист на Шпак. Александар го испрати Џигурда во нов нокдаун со тежок десен удар.

Никита повторно се бореше, но погреши, бидејќи нова десница од Шпак го испрати на подот, а тоа доведе до пораз на Џигурда со нокаут во втората рунда. На крајот од мечот двајцата беа раскрвавени, но Џигурда изгледаше полошо.

Така, за прв пат Никита загуби битка под знамето на организацијата Наше дело. Имаше две победи над руски пратеник и ТВ водител.

Ова е видеото од средбата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО