Се огласи Алекс Переира, објасни зошто го прифатил краткото известување на УФЦ 303: Прифаќам ризици што никој друг не би ги прифатил

Каков воин е Алекс Переира! Откако прво го „спаси“ настанот УФЦ 300 претходно оваа година, сега го направи истото и со настанот УФЦ 303. Утрово објавивме дека борбата меѓу Мајкл Чендлер и Конор Мек Грегор нема да се случи, па затоа УФЦ мораше да реагира што е можно побрзо.

Немаше премногу избори, но очигледно тоа беше доволно. Алекс Переира и Јиржи Прохаска ќе се борат таа вечер во главниот меч, а тоа ќе биде и нивен реванш за титулата во полутешка категорија. Утринава Переира ги објасни причините за прифаќањето на оваа борба со „краткото известување“:

„Разбирам дека борбата е многу блиска и може да има потешкотии, НО ако некој може да го направи тоа сум јас! ПОАТАН!“, напиша Переира на својот Инстаграм профил.

Еве зошто едно од најголемите имиња во УФЦ е Алекс Переира!!! Прифаќам ризици кои никој друг не би бил подготвен да ги преземе, но знам дека ги имам моите предци со мене. Духовите се со мене и подготвен сум на сè“, додаде тој.

Поминаа точно два месеци од последниот настап на Алекс Переира, а тоа беше токму на споменатиот УФЦ 300. Тогаш го нокаутира Џамахал Хил во првата рунда, а сега два месеци подоцна повторно ја брани титулата.

Кога рече дека прифаќа ризици што никој друг не би сакал да ги прифати, тој е апсолутно во право. УФЦ одамна нема шампион кој е подготвен да преземе толкав ризик, па сите да му се поклониме на Поатан. УФЦ 303 е за две недели, па едвај чекаме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON