Васел го победи Молдавски на почетокот од 2.рунда на ПФЛ турнирот, Голцов подобар од Сантос

Со борбите од второто коло во тешка категорија, и во женска мува категорија, на настанот во Анкасвил продолжи ПФЛ натпреварувањето.

Во главната борба на настанот Линтон Васел во трилогијтаа со поделена одлука го победи Валентин Молдавски.

Нивната прва борба се одржа во март 2019 година кога Молдавски победи со одлука, а четири години подоцна Васел возврати со нокаут.

За англискиот борец тоа е 24-та победа во кариерата и прва по поразот од Денис Голцов.

Во април, во првото коло на турнирот, Молдавски со прекин го победи Анте Делија.

Дакота Дичева со прекин ја совлада Австралијката Челзи Хекет во борбата за титулата.

Непоразената Англичанка убедливо стигна до 12. победа (11. со прекин) во кариерата и седма во ПФЛ.

Денис Голцов имаше лесна борба против Тијаго Сантос. Русинот до победата стигна со прекин на средината од првото коло.

Во воведната борба од главната програма Лиз Кармуш ја победи Кана Ватанабе со завршница на осум секунди пред крајот.

Резултати од ПФЛ 4:

Линтон Васел – Валентин Молдавски – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Дакота Дичева – Челзи Хекет – ТКО (удар во телото), Р1 (3:22)
Денис Голцов – Тијаго Сантос – ТКО (удари), Р1 (2:22)
Лиз Кармуш – Кана Ватанабе – завршница (лост), Р3 (4:52)

Воведни борби:
Таила Сантос – Јена Бишоп – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Олег Попов – Дејвион Френклин – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–25)
Тајрел Форчн – Марсело Голм – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–26)
Илара Џоан – Шана Јанг – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Тимоти Џонсон – Данило Маркез – ТКО (тупаници), Р1 (3:14)
Јулијана Веласкез – Лиза Молдин – ТКО (тупаници), Р2 (1:30)
Шумико Инаба – Сарај Орозко – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО