Ќе освоиме медали и на Светското првенство

Боите на Македонија на претстојното Светско превснтво во Бремен, Германија, 5-9 ноември, ќе ги бранат претжно освојувачите на медали од Балканското првенство во Охрид.

Osvojuvaci na medali od BP

 Тренерот за борби, Пеце Белистојаноски, истакнува дека во Германија ќе патуваат: Емил Павлов (-60 кг), Тоде Ристески (-67 кг), Иво Цветковски (-75 кг) и Берат Јакупи (-84 кг). Се уште е неизвесно дали во категоријата над 84 килограми во составот на репрезенатцијата ќе се најде и Симон Антиќ. За него ќе одлучува Управниот одбор на КФМ. Додека Симона Заборска (-55 кг) и Моника Стефановска (-68 кг) ќе настапат во женска конкуренција.

Покрај наведените репрезентативци, како зголемување на капацитетот на екипно борби, во тимот ќе се приклучат и Жарко Арсовски, Мартин Несторовски и Огне Груевски.

Тренерот Белистојаноски е убеден во успех на СП, па затоа вели зошто би оделе ако не освоиме медал кога формата ни е во нагорна линија. Најдобра потврда за тоа биле освоените медали во Охрид, иако не може да се споредуваат Балканското и Светското првенство.

Изборот на тренерот за кати, Златко Димоски, е Мишела и Маријана Димоски и Поликсенија Јовановска за кати екипно, а Јовановска ќе настапи и во поединчна конкуренција. Според Димоски, ако ката тимот помин две кола ќе биде успех, а може да се надеваме и на успех.

И натпреварувачите ја истакнуваат добрата форма и освојување на медал.

Од 26 до 31 октомври репрезентативците ќе се подготвуваат во Охрид, а на 1 ноември ќе патуваат за Германија.

Ipon.mk/ В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО