АИБА доживотно го суспендираше Лончар, а на селекторот му ја одзеде лиценцата

Извршниот одбор на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) привремено, до завршувањето на дисциплинската постапка , донесе одлука за доживотна забрана за вршење какви било активности во боксот хрватскиот боксер Видо Лончар, и тренерите коишто беа во рингот, кога го нокиаутира на полскиот судија Мацеиј Џиурота.

screenshotboksnokaut boks

 „На боксерот и на тренерите им се забранува учество во сите нивоа во надлежност на АИБА. На тренерите им е одземена лиценцата додека Дисциплинската комисија на АИБА не ја комплетира целата постапка, бидејќи се уште не постапиле во согласност со дисциплинскиот и етичкиот кодекс на АИБА“, се вели во изјавата на Меѓународната боксерска федерација .

 За време на овој сериозен инцидент во рингот беа хрватскиот тренер Марио Шиволија – Јелица и Франсис Гргиќ – Кристиќ , тренерот на КК „Сесвета“, чиј член е Лончар. Хрватскиот тренер бил шокиран кога слушнал дека му е изречена доживотна забрана за боксерски акктивности.

http://youtu.be/qLE77n4h4-g

„Не знам што да кажам. Мислев дека суспензијата се однесува на ова натпреварување. Шокиран сум“, рекол Шиволија, кој имаше беспрекорна и боксерска и тренерската кариера.

 Во официјалниот извештај, поднесен од супервизорот на АИБА од Молдавија, Максим Чертицовтев, утврдено е дека Лончар го удрил полски судија кој паднал на подот и каде што продолжил боксерот да го тепа. Судијата пренесен во болница ,а хрватски боксер заврши во притвор.

„АИБА и сето боксерскио семејствоќе имаат нулта толеранција за таквото однесување“, се наведува во писмото на претседателот на АИБА, Чинг- Куо Ву, кој упатил допис до Полската бокс федерација, во кој се наведува дека според неговите информации, боксерот во овој инцидент ги поттикнал неговиот клупски тренер, кој беше на трибината. Со зборови на извинување до полскиот судија и неговото семејство, претседателот на АИБА  во своето писмо ја нагласува определбата за борба против овој вид на случувања: „Јас ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се казнат и да се отстранат сите оние што ги навредија  АИБА и нашиот спор, така што, таквите инциденти, никогаш повеќе да не се повторат на нашите натпревари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО