Стефан Стојановиќ, освојувач на сребрениот медал на СП: За овој историски резултат макотрпно работевме и трениравме

Стефан Стојановиќ од Макпетрол ја покажа својата каласа на талентиран и успешен картист и на Севтското карате првенство за кадети, јуниори и У-21, освојувајќи го сребрениот медал во најтешката категорија над 84 килограми во У-21. Така ја продолжи низата на успеси од Европското првенство во Тампере, Финска, во 2021 година кога стана европски првак, но тогаш во јуниорска конкуренција.

Освои медал СП, продложувајќи го континуитетот на освојување медали од големите натпреварувања. Беше ли лесно да се стигне до медал на СП?

-Да, го продолжувам континуитетот на освојување медали. Не беше лесно да се дојде до одличје на ова првенство поради јаката конкуренција и силни натпреварувачи.

Во финалето се побреше против Санад Суфјани (Саудиска Арабија). На што се должи неговата победа?

-Противникот Санад Суфјани беше еден од поквалитетните натпреварувачи на ова првенство. Неговата победа се должи на мојата слаба концентрација и неговите брзи потези и поголемо искуство.

Дали возбудата беше преголема?

-Да, бев возбуден, бидејќи прв пат настапувам на СП. Успеав да победам квалитетни натпреварувачи и горд сум на постигнатиот успех.

Двајца каратисти, од ист клуб, кои настапуваат еден по друг обезбедуваат финалиња, а потоа и борби за златните медали. Како се чувствувате во петокот кога го обезбедивте и второто финле?

– Ние си бевме подршка еден со друг и главна цел ни беше да направиме добри резултати на ова првенство. Кога успеавме да се пласираме во финалето бевме многу возбудени и среќни. Во тие моменти имавме подршка и од нашиот тренер Петар Заборски кој што беше таму со нас, а вооедно и селекторот Александар Кузмановски кој што не водеше

Дефинитивно влеговте во историјата на македонското карате и на матичниот клуб Макпетрол. Што понатаму? Може ли да се повтори ваква ситуација и на друго првенство?

-За да го направиме овој историски резултат, ние макотрпно работевме и трениравме со нашите тренери Бошко и Петар Заборски и кондицискиот тренер Иван Тиосавлевиќ. Сега имаме уште поголем мотив да продолжиме со освојување на други поголеми првенства

Кои се наредните настапи?

-Сега ни следува Државното првенство кое ќе биде од квалификациски карактер за Европското првенство. Ако успееме да обезбедиме пласман, ќе ја темпираме формата за таму, со цел да се вратиме со медал.

Резултати СП:

+84кг
Стефан Стојановиќ – Сергио Карвоунис (Грција) 2-0
Стефан Стојановиќ – Мирлинд Реџепи (Косово) 1-0
Стефан Стојановиќ – Едуард Саглијан (САД) 2-1
Стефан Стојановиќ – Анес Бостанџиќ (БиХ) 2-1
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Осман Османли (Азербејџан) 2-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Санад Суфјани (Саудиска Арабија) 1-6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО