10 нокдауни во 5 рунди во борба во Полска (ВИДЕО)

Во воведниот дел од Вош – Баколе се одржа во борба која ќе влезе во историјата на полскиот бокс и пошироко.

Во дуелот среднашите Роберт Таларек (24-13-2, 16 КО) со технички нокаут во петата рунда го совлада фаворизираниот Патрик Шимански (19-2, 10 КО).

Во неверојатен меч за помалку од 13 и пол минути борба видени се дури десет нокадауни.

35-годишниот Таларек кој инаку работи како рудар и претрпе три порази во првите шест професионални борби, првата ја заврши на подот по само 33 секунди од борбата.

Триесет секунди пред крајот на рундата повторно стануваше од подот.

Во средината на втората и Шимански се најде на подот. Пред истекот на втората рунда Таларек уште два пати се најде во нокдаун, што беа вкупно четири во само шест минути борба.

Пред крајот на третата, по примен удар во телото, Шимански падна на колена. До крајот на третата Таларек беше во занос и на 25-годишниот противник судијата уште еднаш му броеше.

Шимански заврши двапати на колена и во четвртата рунда.

Таларек по шести пат го соборуваше Шимански со заден директ во средината на 5-тата рунда. Успеа уште еднаш да одговори на броењето, но судијата заклучи дека му било доста.

https://www.youtube.com/watch?v=_9Plmd5F8pY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО