Зулузињо по осум години закажа нова борба (ВИДЕО)

Едно од најпрепознатливите лица од деновите на Прајд ќе се врати во ММА по речиси осум години.

Вагнер да Консеисао Мартинс, попознат како Зулузињо (11-8-1НЦ) на 2 јуни на настанот Имортал ФЦ ќе се бори со учесникот на бразилскиот Ултимејт фајтер Џона Клебер Мело (3-5).

39-годишниот Бразилец не се борел од ноември 2010 година, кога го загуби со нокаут од Џеронимо дос Сантос.

201-сантиметар високиот и 185-килограми тешкиот борец во ПРАЈД се бореше против Федора Емелијаненко, Антонио Родриго Ножеира и Батербан.

Претседателот на Имортал ФЦ изјави дека настанот се одржува во чест на таткото на Зулузињо, Реи Зулу, кој бил значаен учесник на Вале Тудо сцената.

https://youtu.be/dLc22j-Rlhc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО