Зуабиров ја напушти интензивната нега, упатува благодарност за поддршката од Македонија! (ФОТО)

Zubairov vo Bolnica

Дефинитивно најлошото за македонскиот репрезентативец во борење, Халил Зубаиров, веќе е минато.

Одлично се одвива процесот на закрепнување од здобиените повреди во немилот настан во Махачкала, Русија, кога беше застрелан со неговиот татко и брат. Последните информации кој доаѓаат од болницата во неговиот роден град Махачкала, тој ја напуштил „интезивната нега“ и се наоѓа на едно од оделенијата на клиничката болница во главинот град на Дагестан.

Се очекува носителот на борнзениот медал од последното Европско првенство У-23 во Полска до крајот на идната недела да биде пуштен на домашно лекување.

Младиот репрезентатвец на Македонија и член на БК Вардар, Халил испрати поздрави преку страницата на клубот до сите читатели, при што искажа голема благодарност за поддршката укажана во моментите кога неговата состојба беше критична, а неговиот живот во животна опасност.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО