Зошто џудото е вистинскиот спорт за вашето дете?

Денес во современиот свет сите деца се помалку се движат.Моментално преовладува пасивен начин на живот преку практукување на седење пред телевизор, компјутер, мобилен телефон и другите современи електронски уреди.

Спрема најновите истражувања се повеќе деца имаат проблеми со прекумерна телесна тежина, драстично намалени физички активности и способности, како и деформитети на рбетниот столб и стапалата.

Училиштата не можат во доволна мера да ја задоволат потребата на децата за физички активности, па занимавањето со спорт е единствен начин да им се обезбеди оптимален раст и развој.

Затоа е многу корисно да го изберете џудото како спорт со кое ќе се занимава вашето дете.

Џудото е древна јапонска боречка вештина и еден од малубројните боречки спортови кој е влезен во програмата на Олимписките игри  уште од 1964 година.

Заради своите специфични карактеристики се вежба насекаде во светот, а во многу држави џудото е вклучено во системот на училиштата како задолжителен предмет за изучување.

Вежбањето џудо на децата им овозможува рамномерно да ги развиваат физичките способности (издржливост, сила, еластичност, брзина), како и стекнување самодоверба и нови пријателства.

Пишува
Дејан Мицкоски – носител на црн појас 2 дан/степен
главен тренер во ЏК Сеишин – Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON