Конор Мек Грегор: Удрив шлаканици на семејство стаорци во Лас Вегас

Конор Мек Грегор ги нападнa Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов со објави на социјалните мрежи. Пред неколку часа „Озлогласениот“ изјави дека е подготвен да се бори со Махачев и дека нема ни да се испоти на оваа средба.

Поранешниот двоен шампион на УФЦ не го пропушти Хабиб. Тој се присети на нивната битка во 2018 година во Лас Вегас. Тогаш Хабиб го натера да се предаде, а потоа следеше масовна тепачка.

Мек Грегор беше удрен од пријателите на Хабиб, но и тој не им остана должен. Конор ги удри Абубакар Нурмагомедов и Зубаир Тухугов.

„Толјата и килограмите на Хабиб беа толку добри што веднаш станав и му удрив шлаканица на целото негово семејство. Семејство стаорци. Повикајте го Мистик Мек Разурнувачот“, напиша Конор за инцидентот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО