Дана Вајт смета дека боксерскиот меч меѓу Нгану и Фјури е лоша идеа

Претседателот на УФЦ, Дaјна Вајт, смета дека не е добра идеја Френсис Нгану да боксира против Тајсон Фјури.

Шампионот на УФЦ во тешка категорија одамна стави до знаење дека слободните борби не се неговата прва љубов, туку отсекогаш сакал да боксира.

Но, Камерунецот имаше одличен старт во ММА, па целосно се посвети на тоа.

Нгану се надева дека еден ден ќе се испроба во боксерскиот ринг.

Шампионот сега чека разговори со раководството на УФЦ за продолжување на соработката, но неговата промоција мора да исполни неколку барања, а едно е можноста за бокс.

Нгану и Фјури неодамна разменија неколку пораки на социјалните мрежи поврзани со потенцијален судир во рингот.

„За Френсис тоа е многу лошо, тоа е навистина лоша идеја. А Дионтеј Вајлдер имаше сила на еден удар, со кој може да нокаутира противник“, изјави Дајна Вајт.

Тајсон Фјури неодамна објави дека неговиот меч на 23 април во кој ќе ја брани титулата на ВБЦ против Дилиен Вајт ќе му биде последен во кариерата. Но, тој најави уште еден судир против Нгану.

„Заминувам на врвот. Два пати ја освоив светската титула, а осум пати го одбранив појасот. Никогаш не сум загубил меч и ќе останам запишан како втор тешкаш во историјата што се пензионирал непоразен. А тоа сме јас и Роки Марчијано“, изјави Тајсон Фјури и додаде дека сака да се бори со Френсис:

„Нема да биде боксерски меч. Ќе се бориме во кафез со ракавици од четири унци. Подготвен сум за кросовер мечеви. Нгану е голем и опасен борец, малку погруба верзија на Дионтеј Вајлдер. Сакам да влезам во тој меч со повеќе од 135 килограми и со еден удар да го испружам на подот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО