Ислам Махачев ќе има уште една борба пред да добие меч за титулата

Ислам Махачев неодамна го совлада Боби Грин и со тоа стигна до десеттата победа во низа. Неколку дена подоцна Рафаел Физиев отпадна од борбата против Рафаел Дос Аночс бидејќи се заразил со Ковид-19, а Махачев му понуди да го замени.

Според првите информации, се чинеше дека УФЦ нема намера да му даде шанса на Ислам, но претседателот на промоцијата Дана Вајт изјави дека Махачев одбил да се бори.

Во УФЦ немаа друг избор освен да му најдат друг противник на Дос Аночс, па изборот падна на Ренато Моикан.

Нивниот судир ќе биде борбата за титулата на настанот УФЦ 272 овој викенд предводена од дуелот помеѓу Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал.

„Пред да легнам бев убеден дека сè договоривме. Но, следното утро дознав дека Махачев одбил да се бори“, рече Дана Вајт и објасни:

„Откако Физиев се откажа, размислувавме за најдобрата борба што можеме да ја приредиме, па се договоривме тоа да биде меч меѓу Махачев и Дос Анчос. Ислам ја одби понудата, па се одлучивме за Моикано“.

Вајт веќе размислува за можен следен противник на Махачев.

„Ми се допаѓа борбата меѓу Ислам и Дариуш, повторно ќе го организираме тој меч. Прво нека го победи Дариуш, па ќе видиме што ќе биде понатаму“, заклучи Дана Вајт за можните планови Махачев наскоро да добие меч за титулата во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО