Зоран Пејов: Семинарот „Допри го духот“ помина во одлично издание! Големиот балкански карате семинар ќе продолжи да се одржува!

Минатиот викенд во Скопје се одржа семинарот „Допри ги духот“ по водство на сенсеи Зоран Пејов и под закрила на Апсолуната карате федерација на Македонија, а на кој учетсвуваа на 80 каратисти и спортисти од останатите боречки вештини во нашата земја.

Семинарот остави одличен впечаток, пред се, затоа што го организира мајстор од помладата генерација македонски каратисти.

За првичните импресии од семинарот „Допри го духот“ сенисеи Зоран Пејов вели:

„Семинарот „Допри го духот“ помина во одлично издание. Сите учесници беа максимално присутни и активни со целата своја енергија и сиот борбен дух.

Зошто “Допри го духот“?!

Затоа што карате до е пред се духовна боречка вештина. и според тоа, техниката без дух не претставува ништо друго освен обична гимнастичка вежба. Впрочем, Фунакоши Гичин (таткото на карате до) има изјавено уште многу одамна: „Духот е на прво место, техниката е на второ место, а над сето тоа е свеста „Шин““.

Покрја Вашиот семинар бевте дел од уште два семинари. Што значи настапот на овие два меѓународни семинари за каратистите на КЦ Пејов и лично за Вас како мајстор?

-Првиот беше во Охрид, организиран од страна на ИЈКА-Македонија, од Шидокан доџо и сенсеи Глигор Глигороски. На семинарот беше целиот светски крем со целните инструктори на ИЈКА (Интернационалната јапонска карате асоцијација) каде што беа демонстрирани врвни карате техники на едно завидно ниво. Во склоп на тој семинар се одрза и Светски „Като куп“ на кој нашите претставници освоија две злата (во ката и кумите).

Вториот семинар беше одржан во Скопје од страна на „Бушидо доџо” и сенсеи Владимир Јовановски, а под водство на нашиот легендарен и познат светски инструктор сенсеи Мирче Опелоски.

Учеството на овие семинари е од големо значење и од широк карактер. Се учат нови техники. Се учи еден нов поразличен пристап при изведбата на некои техники. Запознавање со други школи, како и размена на енергија искуства и стекнување на нови знаења. Секој семинар е ново искуство и проширување и стекнување на нови знаења. Секојпат треба да се настапува со отворена свест „Шошин”.

За мене лично, секој нов карате до семинар го доживувам како почетник со бел појас и се радувам на секоја нова техника или сегмент при неговата изведба.

Вие сте еден од предводниците на Големиот балкански карате семинар кој застана порад коронавирусот. Ќе продложи ли да се одржува овој семинар во 4 држави?

-Да, јас и уште тројца врвни карате до инструктори: сенсеи Милан Ѓокиќ- Србија, сенсеи Тони Петров-Бугарија и сенсеи Ранко Вукотиќ – Црна Гора, бевме организатори на „Големиот Балкански карате семинар“. Тоа беше одличен проект и зема голем замав, а имаше и голема популарност во целиот Балкан, па и пошироко.

Целта на семинарот беше зближување и поврзување на луѓето преку карате до, кој што како духовна боречка вештина оплеменува и збратимува. Јас сум сигурен дека овој семинар ќе продолжи да се одржува во иднина. Сепак, треба да се створат услови за повторно одржување.

За крај Карате до е непресушен извор. Карате до семинарите се дел од тој извор. Затоа немој да бидеш жеден, искористи ја шансата за учество на секој семинар. И се разбира, со целото тело и дух. Исто е, ама не е исто – „Допри го духот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО