Владимир Трпаноски избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација

Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски е избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација со мандат од пет години.

Трпаноски ја доби поддршката од најголемиот број од делегатите кои учествуваа на денешниот состанок во Кожани, Грција.

Покрај Трпаноски, на состанокот присуствуваше и потпретседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Благоја Гешоски.

Највисоките претставници на Џудо федерацијата на Македонија присуството во Кожани го искористија за да го проследат отворањето на Балканското првенство за пионери, како и дел од натпреварите на македонските џудисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО