Зоран Пејов и Големиот балкански семинар ја продолжуваат мисијата во Црна Гора (ФОТО)


Големиот балкански карате семинар ја продолжува својата мисија и се проширува и во четврта земја на Балканот, а со тоа и нашиот карате мајстор Зоран Пејов кој е носител на мајсторски појас 5 дан.

Следната дестинација е Будва во Црна Гора во екот на туристичката сезона во ова црнгорско летувалиште од 6 до 9 септември. На стандардната тројка Зоран Пејов – спортско карате, Милан Ѓокиќ – традиционално карате и Тони Петров – џиу џицу и карате (карате џицу) и се придружува и Ранко Вукотиќ од Црна Гора.

Не треба да трошиме многу зборови за квалитетите на нашиот Пејов кој го освои првиот медал во независна Македонија на Европското првенство за малдинци и кадети во Кардиф, Велс, 1993 година во јуниорска конкуренција во борби. Тогаш медали освоија и Елвир Куртановиќ – златен во јуниорска конкуренција и Англе Ѓоргиев – бронзен во кадетска.

Секако, несомнени се и квалитетите на признатите мајстори Ѓокиќ и Петров, како и Вукотиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО