Тајсон Фјури: Имав се на светот пред депресијата!

Поранешниот шампион Тајсон Фјури (26-0, 20 КО) вели дека веќе е среќен и мотивиран од фактот дека и се вратил на борбите.

Минатиот месец Фјури се врати во рингот за прв пат од крајот на 2015 година, кога го совлада Владимир Кличко со одлука на судиите и му ги одзеде титулите ИБО, ВБА, ИБФ и ВБО.

Во повртаничката борба Фјури се справи со Сефер Сефери од Гостивар за само 4 рунди.

Фјури сега е поставен нановата борба на 18 август против противник кој допрва треба да биде објавен.

По освојувањето  на титулата свестки првак падна во депресија и почна да употребува забранети супстанци, што доведе и до одземањето на титулите му, а ја загуби и натпреварувачката лиценца.

„Имав сè на светот“.

„Имав светски титули и го победив непобедливиот. Направив сè за што некогаш сум сонувал и одеднаш ме удри депресијата – таа траеше две години“.

„Немаше за што да бидам депресивен – само ако знаев што ме доведе до таа состојба, ќе да го отстранев од мојот живот. Освен ако не сте поминале низ тоа, нема да знаете за што зборувам“.

Фјури се надева дека на следната средба ќе се соочи со некој со поголема храброст од Сефери.

„Разочарувачка борба, шест месеци тренирав и се надевав дека ќе се борам повеќе“.

„Противникот не ми е особено важен. Едвај се загревам. Се враќам во рингот и се подготвувам за средби со Ентони Џошуа и Динотеј Вајлдер, и тоа наскоро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО