Злато за Николиски, сребро за Радев од Осенсеи на „Бар опен 2019“

Натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија златен и сребрен медал на Меѓународниот џиу џица турнир „Бар опен 2019“ во Бар-Црна Гора.

Со медали се закитија Јован Николиски со златен, а Димитри Радев со сребрен.

Николиски до првото место стигна со две победи, првата со фул ипон а финалето со 14-1.  Радев имаше три борби – две победи и еден пораз. Првата ја доби со фулл ипон, втората ја изгуби и во трета славеше со фул ипон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON