Седум од седум за Кобра на „Хереја опен 2019“ во Софија

ТК Кобра настапи имаше учинок 7 од 7 на Меѓународниот таеквондо турнир „Хереа опен 2019“ со учество на 1200 натпреварувачи од 8 држави. Седумте натрпреварувачи на Кобра освоија 7 медали – 2 сребрени и 5 бронзени, сите во А класа.

„Најмладиот натпреварувач имаше најдобар настап извојувајќи три победи од четири борби во сериозна пионерска категорија -36кг. Костадин Гелевски со своите 8 години претставува идна спортска надеж. Трајковски Дамјан исто така, еден од најуспешните репрезентативци на Македонија оствари три фантастични победи, а во финалето загуби за еден поен со противник од Бугарија.  Секако ќе ги споменам и двете женски натпреварувачки Лина Ќуштерова Даниела Каревска чии борби го покажаа резултатот по упорниот труд и работа.И се разбира најмалите младинци,пионерите Филип Каревски, Горјан Аврамовски и Илија Лазаров имаа успешен настап, но не доволен за повеќе победи. Следната недела имаме домашно првенство, хуманитарен таеквондо турнир „Борба за хуманост“ кој го организира Кобра“, вели тренерот Катерина Михајлова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО