Марко Андонов освои бронза на Балканскиот шампионат во вушу, но судиите го оштетија за финале

171

Марко Андонов го освои бронзениот медал на Балканскиот вушу шампионат во Анкара, Турција. Но судиите му ја одзедоа можноста да настапи во финалето и да се бори за златниот медал.

Како што наведува тренерот Горан Андонов судиите го оштетиле во полуфиналната борба. Од непознати причини му ја доделиле победата на нивниот натпреварувач.

„Инаку Марко доминираше и ако донесеа правилна одлука сугурно ќе го освоевме златото“, вели Андонов.

„Да се направи еден ваков успех на турнир од 1000 натпреварувачи, значи дека вушу санда кај нас е во навистина голема експанзија. Марко како најдобар натпреварувач беше избран да оди, затоа што Турската вушу федерација ги покри сите негови трошоци и обезбеди се за да учествува, за што сме им многу благодарни и со надеж дека некој и кај нас ќе има слух за овој прекрасен кинески спорт. Само на тој начин ке можеме да се натпреваруваме и доближиме со квалитетот до другите вушу федерации, а Бога ми и масовноста што ја имаат другите земји кои се многу поддржани од нивните држави“,  истакнува Андонов.

Тој изјавува голема благодарност до Турската вушу федерација и понудата за соработка и натамошна поддршка за Македонската федерација да прерасне во голема спортска вушу федерација и да обедини што повеќе млади луѓе кои ќе можат да ги искажат своите квалитети во боречките спортови и кинеската култура и филозофија на живеење…

Ipon.mk